Почнува 15. саем на книга на Клуб Матица

Од:

„Традиција 2000-2015“ е слоган под кој од денеска до 31 јануари ќе се одржува 15-тиот саем на Клуб Матица. Како и во изминатите, и за оваа година Матица најави попусти на изданијата од 10 до 80 отсто зашто цел и мото на саемот секоја година е „Книга во секој дом“.

Матица ќе промовира иницијатива за празнување Ден на македонската книга, кој би се одбележувал на 23 мај, ден пред Денот на македонската писменост. Оваа година и саемот е фокусиран на македонските автори и дела.

– „Книга во секој дом на Булеварот на книгите“ – овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската книга, соопшти Клуб Матица. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска