Почнува 10. Патувачко кино на „МакеДокс“

Од:

Од денеска до 12 јули ќе се одржува 10. Патувачко кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со проекции во села околу Охридското и Преспанското Езеро, од македонска и од албанска страна. Базниот камп на фестивалот ќе се наоѓа во струшкото село Радожда, од каде што ќе се упатува кон селата од двете страни на границата.

Од утре до 11 јули ќе има проекции во четири македонски и во три албански населени места: Лабуништа (2 јули), Бучимас (3 јули), Вишни (5 јули), Драслајца (6 јули), Пустец (7 јули), Луково (10 јули) и Лин (11 јули).

Покрај проекциите на документарните филмови, ќе се одвиваат и други активности – патувачка библиотека на МакеДокс со книги собрани со донаторска акција, кои на крајот ќе бидат донирани на основното училиште во Радожда. По проекциите во Драслајца, Пустец, Луково и Лин планирани се музички забави, а денеска ќе има забава и во „Кингстон бар“ во Струга.

– Особено ни е мило што годинава успеавме да ја оствариме идејата Патувачкото кино да стане регионален настан и првпат во неговата реализација се вклучени и партнери од Албанија, соопшти Фестивалот.

Паралелно со Патувачкото кино, од 5 до 11 јули ќе се одржуваат сесиите на третата генерација „Докуникулци“, кои оваа година ќе работат во формат на камп за креативен документарен филм, а првпат и оваа платформа е поставена регионално со учество на млади од 15 до 18 години од земјава, Србија и од Албанија. Партнери на „МакеДокс“ во овој проект се Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград.

Патувачкото кино на МакеДокс се реализира со поддршка од Агенција за филм на РСМ, Амбасадата на Германија и е овозможено од Western Balkans Fund. Детската филмска програма во рамки на Патувачкото кино се организира во соработка со меѓународниот фестивал „Док Лајпциг“.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска