Почнува 10. Астерфест во Струмица

Од:

Под мотото „Ново и старо“, вечер во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе почне 10. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Премиерно ќе биде прикажан краткиот игран филм „Хелиум“ на Андерс Валтер, кој го доби Оскарот за оваа година.

На фестивалот ќе биде доделена наградата Астер за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм на режисерот Борис Геретс и специјалното признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност на актерката Љупка Џундева.

Жирито е составено од Биргит Стаубер, Желимир Гвардиола и Стефан Шашков.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“