Почна снимањето на краткиот филм „Исклучиво жолти лалиња“

Од:

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Исклучиво жолти лалиња“ во режија на Кузман Кузмановски, а според сценарио на Ева Камчевска. Филмот ќе се снима до 6 април на неколку локации во Скопје и околината.

Според својот жанр, филмот спаѓа во еден од поретко застапените жанрови во Македонија – комедија. Во него се раскажува за Гиго, 35-годишен писател кој живее самотнички живот како интровертен и срамежлив човек. Откако добива покана за кафе од својата женска пријателка, се исполнува со надеж дека повеќе нема да биде сам. Однекаде начул дека оваа жена сака жолти лалиња и, во обид да остави добар впечаток, одлучува да најде жолти лалиња, без оглед на се.

Актерската екипа ја сочинуваат Тони Михајловски, Горан Трифуновски, Александра Павлова, Снежана Киселички и Кети Илиевска.

Директор на фотографија е Кирил Шентевски, сценограф Дејан Гошевски, шминката е на Игор Петрески, а продуценти се Калина Кузмановска и Кузман Кузмановски.

Зад реализацијата на овој филм стои продукцијата Аурипигмент. Филмот е со финансиска поддршка од Агенција за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он