Почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено” во копродукција помеѓу Грција, Македонија и Германија

Од:

На локации во Грција почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено”, во режија на младата Асимина Проедроу од Грција. Филмот е копродукција помеѓу Грција, С Македонија и Германија. Овој филмски проект е поддржан од Грчкиот Филмски Центар, Агенцијата за филм на С Македонија, а финансиска поддршка добил и од Еуримаж (Европски фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела).

Од Агенцијата за филм информираат дека снимањето на филмот почна во Грција на 13 јануари 2021, а според моменталниот оперативен план треба да продолжи во државава во периодот помеѓу 22 и 28 февруари 2021, на локации во Дојран и Гевгелија. Дејствието на филмот се одвива во 2015 година и го прикажува животот на населението од двете страни на границата.

– Оваа соработка е од суштинска важност, поради испреплетувањето на ресурсите помеѓу двете земји во доменот на филмската продукција. Првпат имаме проект кој се снима во двете земји. Се надевам дека оваа соработка помеѓу соседите ќе се продлабочи и развива и во иднина вклучувајќи ги сите останати сегменти од културното творење, истакнал Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

– Македонскиот продуцент на овој комплексен филмски проект е „Сектор Филм“ кој веќе почна со работа на подготовките, поточно во моментов се дефинираат точните локации и кастингот. Главен продуцент на филмот е продуцентската куќа Argonauts Production, а копродуценти покрај Сектор Филм, продуцентска куќа од Скопје, се и Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR од Германија, се наведува во соопштението на Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он