Почна снимањето на документарен филм за воениот Сараевски филмски фестивал

Од:

Во Сараево почна снимањето на долгометражниот документарен филм „По крајот на светот“ на американската режисерка Ен Барлијант, кој зборува за првиот Сараевски филмски фестивал одржан во 1993 година додека градот беше под опсада за време на Босанската војна.

Како што јави Фена, во филмот се појавуваат тогашниот директор на фестивалот Харис Пашовиќ, Исмет Нуно Арнауталиќ, Лејла Пашовиќ – Мустафиќ, Касим Џајиќ, Срѓан Вулетиќ и многу други познати уметници кои го создадоа филмскиот фестивал во текот на војната.

Куќата „Нов филм“ и продуцентот Срѓан Шаренац ја потпишуваат продукција на филмот, додека авторската екипа ја сочинуваат Вања Бан, директор на фотографија и тонски снимател Предраг Ѓорѓе.

Во филмот ќе се појават и светски познати уметници како Џереми Ајронс, Ванеса Редгрејв, Вим Вендерс и Ани Лајбовиц.

Филмот премиерно ќе биде прикажан во 2016 година, соопштија од продукциската куќа „Нови филм“.

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска