Почна процесот на ревитализација на НУБ „Свети Климент Охридски“

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – трезорот на македонското минато и иднина, ќе се ревитализира согласно изготвен план од стручни лица, со цел вреаќање на достоинството на овој репрезентативен објект.

Како што информира на денешната прес – конференција министерката за култура Ирена Стефоска при посетата на НУБ „Свети Климент Охридски“ планот е изготвен од формирана специјална работна група за скенирање на состојбата во НУБ од сите аспекти, а архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и тој е одобрен. Се прави пресек, додаде таа, и на финансиско – нормативното работење на библиотеката. Отпочнат е и процес за прогасување на НУБ за Културно наследство во опасност, стратус кој ќе овозможи брзи интеревенции за негово зачувување и соодветно чување, а како што вели министерката Стефоска, се има предвид и важноста од вложување во стручен кадар, во опрема и за збогатување на библиотечниот фонд.

-Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета содржина започна, Би сакала да истакнам дека НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ Св Климент Охридски е многу повеќе, НУБ е емоција. Затоа ги повикувам сите општествено одговорни компании и поединци да ни се приклучат да бидат дел од онаа генерација која ја ревитализирала Националната и универзитетска бниблиотека, нема да сме првите во светот кои на ваков начин ги поткрепиле свои национални библиотеки. Веќе сме во разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе, рече Стефоска.

На новинарско прашање зошто е оставена библиотеката ва ваква состојба, таа нагласи дека е тоа плод на повеќедецениска негрижа и зборува за сите нас, а во нејзиниот мандат рече со месеци работат на санација на библиотеката, на што треба поитно да се пристапи.

-Бидејќи буџетската година изминува, а дополнително и избори се. Ние ги проектираме средствата во Програмата на библиотека за почетокот на следната година, значи со новиот буџет. Овој буџет е веќе исцрпен и не смее да се прават зафаќања, избори се итн. Но, битно е точно да знаеме што, како и колку. Мораме да имаме јасна и чиста слика. Проектот го проверија, проектот е во ред и може веднаш да влезе во програмата за буџетирање за најбрзо можно да се пристапи кон ревитализација. Зборувам за санација на кровот. Во библиотеката треба повеќе работи да се направат. Како што реков, не станува збор само за кровот или за столчињата. Станува збор за повеќе аспекти за да ја кренеме на нозе да биде сврталиште, жариште на младите луѓе, на сите љубители на книгата. И не само да биде сврталиште и жариште на настани, да зрачи таа емоција на која што јас се сеќавам на мојата младост од студентските денови, а верувам и дел од вас коишто доаѓале, ја користеле се сеќаваме што значеше и што ќе значи за градот и се разбира за државата, рече министерката за култура.

Јелисавета Костадинова в.д. директорката која е дел од новиот тим од вработени во Библиотеката која ја води институцијава, истакна дека Библиотеката е изградена 1972 година и е дело на архитект Петар Муличковски. Во 2009 година започнал да се гради новиот објект кој е прилепен до објектот на НУБ, во кој требало да биде сместено депото за збирките кои се наше културно добро. Пуштен бил во употреба без технички прием, но бидејќи нема соодветно решено греење и ладење на објектот не е целосно функционален, а во него се вршат обуки за библиотекари. За отстранување на овој проблем, вели таа ќе им бидат потребни дополнителни средства, потоа средства за опремата која е застарена, а проблем се и вработувањата. Библиотеката на времето имала 250 вработени, а во моментов работат 89 лица.

За реновирање на покривот на библиотеката сшпред првичните проценки ќе бидат потребни 40-50 милиони денари. Во моментов се реновира една од читалните во НУБ со средства од Минситерството за култура, а една е обновена со донација од продуцентите на филмот на Теона Митевска „Најсреќниот човек на светот“ кој веќе неколку недели се снима во Библиотека.

Една од првите институции формирана со одлука на АСНОМ 1944 ноември е токму НУБ, во тоа време Народната, како што стои во одлуката на АСНОМ.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот