Почна манифестацијата „Петровденски конаци“ во Кочани

Од:

Со промоцијата на поемата „Еригон“ од Александар Куклев што се одржа на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“, синоќа во Кочани почна 11. издание на културната манифестација „Петровденски конаци“.

Поемата „Еригон“ ја претстави авторот, а на промоцијата настапи Димитар Лазаров на виолина.

Годинава манифестацијата ќе трае од 5 до 12 јули, а фокусот во неа е насочен кон музичките настани. Под мотото „Музичко будење на градот“ вечер концерт ќе одржат кочанските групи 4 и 21, Мјау, Шекспир, Криптон, А-позитив и Игуана, како и тетовската хип-хоп атракција Natty fiyah. На 8 јули на Летната сцена на Центарот за култура ќе настапат Гиш и Гуру Харе, а на 11 јули, во пресрет на Петровден – Тони Китановски Трио. Сите концерти почнуваат во 21:30 часот.

Во рамки на „Петровденски конаци“ ќе се одржат Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ и Духовната академија по повод Петровден на која ќе настапат црковни хорови од Лесново, Штип и Радовиш.

Годинашната манифестација „Петровденски конаци“ финансиски е подржана од Министерството за култура и општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена