Почна конкурсот за третиот меѓународен фестивал на кратoк филм „Филмај 2021”

Од:

Почна конкурсот за третиот меѓународен фестивал на краток филм „ФИЛМАЈ 2021“ кој го организира Фото-кино клуб „Козјак“ Куманово, соопштија, денеска од клубот. На конкурсот можат да се пријават кратки играни и документарни филмови со траење до 20 минути, ќе бидат прифатени и пријави за експериментални филмови (изземајќи ги анимираните).

Учесниците треба да конкурираат со филмови кои се завршени по 1. јануари 2018 година. Пријавувањето за учество е преку платформата FilmFreeway (линк)

Од Фото-кино клуб „Козјак” известуваат дека пријавувањето ќе трае до 15 март, идната година.

На конкурсот ќе се доделат четири награди , „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио, награда за најдобар македонски (домашен) филм.

-Организаторот одлучи пријавувањето на конкурсот за македонски кратки филмови да биде бесплатно, со намера да се поттикне продукцијата и прикажувањето како и да се создаде и негува желба кај публиката за уживање на кратки филмови. Детали за фестивалот со известувања и новости ќе може да се следат на ФБ страна на фестивалот ФИЛМАЈ. Фестивалската веб-страна е: http://filmay.kozjak.mk-известуваат од клубот.

Информација за членови на жирито за годинешниот фестивал, дополнително ќе биде објавена, резултатите од конкурсот ќе бидат соопштени на 3 мај идната година. Планирано е фестивалот да се одржи на 28 мај.

Првото издание на фестивалот се одржа на 29 мај 2019 година, во Занаетчискиот дом Куманово и присуствуваше многубројна публика. Оваа година, поради пандемијата фестовалот се одржа во Центарот за култура и согласно протоколите имаше 110 граѓани кои го проследија фестивалот.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ