Почна 16. Меѓународен фестивал „Денови на комедија“

Од:

Со претставата „Солунски патрдии“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје, а во режија на Коле Ангеловски, вечерва во Куманово почна 16. Меѓународен фестивал „Денови на комедија“.
На традиционалниот фестивал ќе бидат одиграни четиринаесет комедии од Македонија и од Бугарија, Србија и Косово.

Фестивалот го отвори заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, кој изрази надеж дека на 20-годишнината од фестивалот ќе има 30-тина претстави.

– Министертвото за култура го поддржува овој фестивал, кој веќе има национално значење како што е „Војдан Чернодрински“ и фестивалот на античка Драма „Стоби“ . Министерството тежнее овој фестивал да се оттргне од балканските рамки и да прерасне во европски фестивал на комедијата, истакна Недељковиќ.

Фестивалот и годинава има ревијален карактер. Членовите на Советот на фестивалот објаснуваат дека фестивалот има за цел да ја поттикне продукцијата на комедиите како посебен жанр, специфичен за изведба.

– Доколку постои можност идната година ќе ја проширеме листата на учесници и надвор од балкански рамки, изјави Наташа Маневска, член на Советот на фестивалот.

Утре ќе биде изведена претставата „Солзите се О.К“ во изведба на српскиот театар „Бора Станковиќ“ од Врање, а задутре настапува театарот Комедија од Скопје со „Лет на кандидадското гнездо“.

Во изминатите 15 години изведени се над 130 претстави, а на фестивалот учествувале сите театарски куќи од Македонија, а од балканските гостувале театри од Софија, Белград, Нови Сад, Вараждин и Загреб. Минатата година фестивалот го посетиле околу пет илјади посетители.

Би можело да ве интересира

Заврши МТФ „Денови на комедија 2024“

Отворање на Денови на комедијата Куманово

Горан Наумовски