Почина Стефан Хесел – автор на култната книга „Побунете се!“

Од:

Стефан Хесел, француски дипломат и припадник на движењето на отпорот во текот на Втората светска војна, кој последниве години се претвори во икона  на „гневните“, почина во текот на минатата ноќ на 95-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Париз.

Неговата книга–манифест „Побунете се!“, која чинеше само три евра беше продадена во околу четири милиони примероци во стотина земји на светот. Во оваа дело, напишано во 2010 година, тој ги повикува младите генерации да ја зачуваат силата на бунтот и отпорот и го означи раѓањето на „движењето на гневите“ во Европа и Америка.

Во својата најпродавана книга, Хесел инсистира на тоа дека рамнодушноста е најлоша можна опција, која прави човекот да се откаже од една од суштинските човекови одлики – способноста да се буни и да се ангажира.

Хесел укажува на два големи предизвици на сегашниот комплексен свет: првиот – огромниот јаз меѓу многу сиромашните и многу богатите, кој не престанува да се зголемува; и вториот – човековите права и состојбата на Планетата, кои предизвикуваат сериозна загриженост и бараат ангажман.

Притоа, тој оценува дека само со здружени сили и исклучително по мирен пат, без насилство, можат да се остварат промени.

Хесел им порачува на граѓаните, а особено на младите „да ги отворат очите и да гледаат околу себе“, бидејќи само така ќе пронајдат многу теми кои го оправдуваат нивниот бес како, на пример, третманот на доселениците, статусот на луѓето без документи, положбата на Ромите, правата на најзагрозените слоеви од општеството, што потоа би требало од размислување да ги одведе кон сериозна граѓанска акција –  бунт!

Хесел по потокело е полски Евреин роден во 1917 година во Берлин. Во триесетите години на минатиот век доаѓа во Франција и во 1937 добива француско државјанствп. Од 1941 е припадник на движењето на отпорот, но во 1944 е уаспен од страна на Гестапо и е испратен во концентрационен логор од каде успева да побегне.

По војната тој станува француски дипломат и во тоа својство учествува во пишувањето на Универзалната повелба за човековите права на Обединетите нации. Тој е автор на повеќе книги, меѓу кои е и неговата автобиографија „Игра со векот“.

Заработувачката од својата последна книга Хесел во целост ја даде во донации, од кои добар дел завршија за палестинските власти.

Познатиот француски филм „Жил и Жим“ на Франсоа Трифо со незаборавната Жан Моро, всушност е љубовната приказна на мајката на Стефан Хесел, Елен, која имала љубовна врска со француѕскиот писател Хенри-Пјер Роше со одобрение од неговиот татко Франц Хесел. Стефан тогаш имал осум години.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска