Почина проф. д-р Димитар Ќорнаков, историчар на уметноста и публицист

Од:

Историчарот на уметноста и публицист проф. д-р Димитар Ќорнаков почина вчера (18 јуни 2020) во 93-тата година од животот. Ќорнаков (1927, Стојаково, Богданечко) е припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.

На уметноста на копаничарството и посветил најголем дел од својата истражувачка и научна работа. Темелно го проучувал творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров.

Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, а бил и директор на оваа институција. Во последните години од работниот стаж работел во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Како стипендист на италијанската влада, во 1962 и 1963 бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација.

Раководел и реализирал проекти за конзервација и реставрација на: Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, манастирите „Св. Преображение“ во Зрзе, Прилепско, „Св. Архангел“ во прилепското село Варош, црквите во Охрид – „Св. Богородица Перивлепта“ и „Св. Богородица Каменско“ и други.

Автор е на голем број монографски книги, меѓу кои: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век“; „Македонска резба“; „Македонски манастири“; „Резбарски центри во Македонија“; „Полошки манастир“; „Соборните храмови во Македонија“; „Царски двери“; „Слимнички манастир“; „Копаничарот Димитар Станишев од Крушево“; „Копаничарот Макариј од Галичник“; „Цркви и манастири во Тиквешијата“. Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјава и странство.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Св. Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски