Во 84-та година од животот почина писателот Петар Костов. Ќе бидат погребан денеска на Градските гробишта во Бутел.
Како што информира Друштвото на писателите на Македонија, Костов бил член на ДПМ од 1971 година.
Роден е во Битола во 1928 година. Работел во Македонската радио-телевизија.
Зад себе има богат прозен и драмски опус.
Автор е на книгите „Бог да го прости Чарли“, „Пак кукуригаат црвените петли“, „Кулата“, „Црвен дожд“, „За виното, водата и Анѓелија“ и други.