Почина писателот Науме Радичевски

Од:

По долго боледување вчера во Скопје почина писателот Науме Радически. Посмртните останки на Науме Радически ќе бидат погребани на 9 мај (петок) на гробиштата во Ѓорче Петров.

Науме Радически е роден на 18. мај 1953 година во селото Мешеишта, Охридско. Својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1984 година.

Науме Радически како поет, критичар, есеист и научен работник остави забележлива трага во развојните процеси на македонската литература. Објави низа поетски книги, меѓу кои “Постоења и мотиви”, “Светол тажен вик” и “Преображение човеково”. Автор е и на критичко-есеистичките и научни книги “Релации и континуитет”, “Метаморфоза” и “Време без збор”. Добитник е на наградата на ДПМ “Димитар Митрев за критика есеистика.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска