Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Од:

Почина оперската првенка, мецосопран, Ирена Кавкалевска, соопшти Македонска опера и балет.

Ирена Кавкалевска, родена во 1973 година, мецосопран, е добитничка на многу награди, школувана е во Македонија, Софиjа, Грац, Загреб… Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен”, „Аида”, „Набуко”, „Моќта на судбината”, „Сестра Анџелика”, „Лули Цезар во Египет” „Севилскиот берберин”, „Лилјакот”, „Иван Сусаньин”, „Цар Самоил”.

„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност” – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.

Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и племенитост, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја.

Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации…

Нека ти е светол патот, драга Ирена!“, соопшти НУ Национална опера и балет.

Би можело да ве интересира

Почина славниот актер Вал Килмер

Горан Наумовски

Почина Ричард Чембрлен

Катерина Ѓуровски

Почина боксерската легенда Џорџ Форман

Катерина Ѓуровски

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски

Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков

Во болница почина затвореник од „Идризово“