Почина нобеловката Надин Гордимер

Од:

Нобеловката Надин Гордимер од Јужна Африка почина на 90 години, во сон завчера во својот дом во Јоханесбург.

Романсиерката и активистка против апартхејдот позната по романите „Луѓето од јули” и „Заштитник на природата”, освои Нобелова награда за литература во 1991 година. Одборот што ја доделува наградата го пофали нејзиното инзвонредно епско пишување како нешто од голема корист на човештвото, иако некои од нејзините дела беа забранети во нејзината родна земја.

Гордимер напиша 15 романи и неколку збирки куси раскази, есеи и други дела, а нејзините книги се објавени на 40 јазици во светот.

Гордимер за многумина важеше на водечка авторка на Јужна Африка и беше позната како непоколеблива моралистка чии романи и кратки приказни ја отсликуваат драмата на човечкиот живот и емоциите во општеството во кое со децении владееше малцинството белци.

Членка на Африканскиот национален конгрес на Мандела, партија забранета под апартхејдот, Гордимер го искористи својот пишан збор за битка против нееднаквоста на владеењето на белците со децении, со што беше омразена кај голем дел од естаблишментот. Дел од нејзините романи, како “Свет на странци” и “Ќерката на Бургер”, беа забранети од апартхејдот. Во подоцните гоидни, таа стана гласноговорник на движењето за борба против ХИВ/СИДА и лобираше и собираше средства за Кампањата за акција за лекување.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска