Почина нобеловецот Гинтер Грас

Од:

Светски познатиот германски писател Гинтер Грас, добитник на Нобеловата награда за литература и автор на култното дело „Лимениот барабан“, почина на возраст од 87 години.

Неговиот издавач, соопшти дека Грас починал во клиника во градот Лубек.

Роден е во градот Данциг, служел во германската војска во Втората светска војна, во 1959 година тој го објави својот анти-нацистички роман, „Лимениот барабан“.

Тој беше противник на обединувањето на Германија во 1990 година, а потоа тврдеше дека тоа обеднување било извршени премногу брзо.

Родениот град на Грас по војната стана полски, тоа е денешниот Гдањск и тој помина многу од неговиот подоцнежен живот во близина на Лубек.

Многу од неговите дела се фокусирани на нацистичката ера, за ужасите на војната и уништувањето и вината која останала по поразот на Германија.

Светот беше шокиран кога Гинтер Грас во своите мемоари во 2006 година, откри дека како тинејџер доброволно отишол во војска и служел во СС единиците.

Претходните податоци за неговиот живот сугерираа дека тој бил регрутиран во армијата. Неговото признание, медиумите во Германија го окарактеризираа како „морално самоубиство“.

Неговите романи се оценети како комбинција на факти и фикција, неговиот стил се смета за близок до јаужноамериканската литература на „магичен реализам“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска