Почина култниот режисер Дејвид Линч

Од:

Познатиот режисер Дејвид Линч почина на 78-годишна возраст.

Дејвид Линч откри во 2024 година дека му бил дијагностициран емфизем откако пушел цел живот.

Неговото семејство веста за неговата смрт ја објави на Фејсбук.

„Постои голема празнина во светот сега кога тој повеќе не е со нас.

Дејвид Линч е познат по својата надреалистичка уметничка визија во филмовите како „Blue Velvet“ и „Mullholland Drive“ и по ТВ серијата „Twin Peaks“.

Неговата серија „Твин Пикс“ го смени телевизискиот пејзаж, внесувајќи нова димензија на наративното раскажување приказни, а иконата „Кој ја уби Лора Палмер“ остана дел од поп културата.

Линч беше и мултимедијален уметник – сликар, музичар и фотограф, кој постојано ги поместуваше границите на креативноста.

Неговата фасцинација со соништата, потсвеста и темните слоеви на човечката психа го направија неговото дело уникатно и безвременско.

Би можело да ве интересира

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ