Почина книжевниот великан Габриел Гарсија Маркес

Од:

Славниот Габриел Гарсија Маркес денеска почина во Мексико на 87-годишна взраст, изјави извор близок на семејството, јавува Би-Би-Си.

Колумбискиот писател беше на домашно лекување во својот дом во Мексико Сити откако на 8. април беше хоспитализиран поради инфекција на белите дробови и уринарниот тракт.

Нобеловeцот, Гарсија Маркес се смета за еден од најголемите автори на светската историјата на литература а најдобро познат по неговото ремек-дело на магичен реализам, „Сто години самотија“.

Романот од 1967 година е продаден во повеќе од 30 милиони прмероци.

Нобеловецот, познат како „Габо“, е роден во северниот колумбиски град на Аракатака, што беше инспирација за измислениот град Макондо, во романот од 1967 година „Сто години самотија“.

Тој ја доби Нобеловата награда за литература во 1982 година „за неговите романи и раскази , во која фантастичното и реалното се комбинираат во богато компониран свет на имагинацијата, како одраз на животот и конфликтите на еден континент”, според образложението објавено на веб-страницата на Нобеловата награда.

Голем дел на книгите на Гарсија Маркес кои беа славени, меѓу кои „Есента на патријархот” (1975), „Хроника на една најавена смрт” (1981) и „Генералот во својот лавиринт” (1990), се сметаат за најпопуларни дела на шпански јазик во светот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска