Почина Иван Карадак

Од:

Денеска, утрово, ненадејно почина Иван Карадак, познат хуморист и сатиричар.

Иван Карадак и беше најпознат на пошироката јавност по емисијата „Хихирику“ што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Иван Карадак беше автор на бројни театарски претстави и беше текстописец на првото кабаре во Мaкедонија насловено „Кабаре – Коприварник“.

Беше автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко“, „Хумористична партија“, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто“, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче“ и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите „Коприварник“, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата“, куси сценарија „Лајач на месечина“ и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки“.

Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa“, познатите „Камчевци“, „Алф од Ново Лисиче“, „Ало Ало“, „Агенција осамени срца“, „Балканбенд“ и други.

Беше добитник на многу награди меѓу кои и државната награда Св. Климент Охридски. Последниот поздрав ќе биде утре, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски