Екрем Хусеин доајенот на македонскиот балет по долго боледување почина денеска на 75-годишна возраст.
Ќе остане запаметен по бројни услоги во балетските претстави во неговата над 50-годишна кариера.
Во 2008 година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ – Скопје за врвни достигнувања во танцот.
Погребот на Хусеин ќе се одржи денеска на турските гробишта во Бутел. Поради колективниот годишен одмор комеморација во неговата матична куќа – Македонската опера и балет, најавуваат за следната недела.