Почесен докторат за Манчевски од најголемата филмска школа на светот

Од:

Најстарата и најголема филмска школа на светот, московскиот ВГИК, го одликува македонскиот режисер Милчо Манчевски со почесен докторат.

Почесниот докторат го доделува Советот на универзитетот, а на Манчевски му ја врачи ректорот на ВГИК Вадимир Малешев.

ВГИК е единствен филмски универзитет на светот и една е од најреномираните филмски институции воопшто. Формиран е во 1919 и е најстара филмска школа на светот. Меѓу бројните педагози кои предавале на ВГИК е и основоположникот на современиот светски синеастички израз, Сергеј Ејзенштајн, а дипломци на школата се Андреј Тарковски, Сергеј Параџанов, Сергеј Бондарчук, Елем Климов… На универзитетот студираат 2.000 студенти, а ВГИК има и сопствено филмско студио, комплетна опрема за продукција и пост-продукција, лабораторија, па дури и свој студентски дом.
Минатата есен и оваа пролет Манчевски гостуваше на ВГИК со педагошко-продукциски проект што го финансираше американската Влада. Во проектот беа вклучени сите факултети кои работат во рамки на филмскиот универзитет, а резулатите беа прикажани на завршна проекција на крајот на минатиот месец. Проектот доби огромен публицитет во руските и светски медиуми, за него опширно јавија ТВ каналот „Култура“, „Москва тајмс“, „Русија тудеј“, „Холивуд репортер“.

Одлуката за доделување на Почесниот докторат ја донесе Наставничкиот совет на ВГИК, а информирани се и Руското Министерство за култура и Македонската абасада во Москва.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ