По десетти пат „Астерфест“ во Струмица

Од:

Утревечер со почеток во 19,30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе започне десеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. На присутните ќе им се обрати градоначалникот Зоран Заев, кој заедно со Општина Струмица, во континуитет од самиот почеток, финансиски го поддржуваат фестивалот.

Покрај доделувањето на наградата Астер за високи достигнувања во европскиот и светскиот филм на режисерот Борис Геретс и специјалното признание за високи достигнувања во филмската и драмската уметност на актерката Љупка Џундева, премиерно ќе биде прикажан и краткиот игран филм „Хелиум“ на Андерс Валтер кој го доби Оскарот оваа година.

Жирито кое ќе ги оценува филмовите е составено од Биргит Стаубер, Желимир Гвардиол и Стефан Шашков. Фестивалот ќе се одржува под мотото „Ново и старо“, а завршува в сабота со проекција на наградените филмови.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски