Македонскиот писател Јордан Плевнеш е добитник на највисокото признание на Министерството за култура на Бугарија – „Златен век, Св. Кирил и Методи“, кое се доделува на денот на светите Кирил и Методи, апостолите на словенската писменост. Наградата му е доделана за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во доближувањето на балканските култури и за градењето на духовните мостови помеѓу Бугарија и Македонија.
Наградата му е врачена денеска од стана на министерот за култура на Бугарија Петар Стојанович.
Претходниот ден, Плевнеш беше гостин на Интернационалниот театарски фестивал во Враца, каде што претседателот на Фондацијата Балканика Николај Стојанов го промовираше второто издание на драмата „Р“ од Плевнеш, која е играна во 30-тина земји во светот.
Во рамките на Фестивалот на интернационалната работилница на агенцијата Нета беше промовирано и неговото ново драмско дело „Св. Кирил и Методи 11-века подоцна“, кое со актери од 10-тина словенски земји ќе биде изведено во 2015 година на Интернационалниот театарски фестивал во Букурешт.