Плакати од 8. Скопје постер фестивал на Московското биенале за графички дизајн

Од:

Здружението на дизајнери од Македонија „Плакарт“ и Скопје постер фестивал беа дел од 12. Биенале за графички дизајн „Златна пчела“ во Москва кое се одржа од 4-ти до 9 октомври. На Биеналето беа претставени постерите на 10-те финалисти од 8. Скопје постер – Меѓународен студентски конкурс за плакат, кој беше на тема „Сите за луѓето со хендикеп“.

– Како дел од програмата и во рамки на изложбите кои се вон конкуренција  беа претставени најдобрите 10 плакати од последниот Скопје постер конкурс. Делата на Клајн од Македонија, Клешта, Депта, Јашчук и Врона од Полска, Јанг од Кина, Саеди од Иран, Милс и Мартинс од Португалија, ја збогатија изложбената поставка на 12. Бинеале „Златна пчела“ во Москва, информира „Плакарт“.

Претходно плакатите на финалистите од 8. Скопје постер фестивал, кои ја носат пораката за потребите на луѓето со попреченост, беа претставени и на One Design Week во Бугарија и на фестивалот ШУНД  во Белград, а се планирани и други гостувања надвор од Македонија.

На Биеналето во Москва, како што информира „Плакарт“, гости биле Ерик Бранд, Стефан Бунди, Кеизо Матсуи, Филип Третјаков и други реномирани имиња од графичкиот дизајн.

– Во над 50 активности – изложби, предавања и презентации беа претставени најнаградуваните дела што ја одбележаа изминатата година, постери од руската школа на плакат, постери од социјални и општествени акции и проекти, типографски дела…, наведува „Плакарт“.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска