Писателот на „Оксфордски убиства“ Гилјермо Мартинес доаѓа во Скопје

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека нејзин специјален гостин на годинашниот Саем на книгата во Скопје ќе биде Гилјермо Мартинес, најпреведуваниот аргентински писател и еден од најчитаните аргентински писатели во моментов, познат како автор на романот „Оксфордски убиства“, според кој беше снимен истоимениот холивудски хит со Џон Харт и со Илајџа Вуд во главните улоги.

– Огромна е радоста што во Скопје и во Македонија го доведуваме Гилјермо Мартинес, чии книги се дел од нашата преводна програма уште од самите почетоци. Лично ќе ми се оствари можеби најголемата книжевна желба, бидејќи за мене Мартинес е една од најинтересните појави, со интригантен стил што е достапен секому, но со толку напластени слоеви што може да му позавидат сите книжевни мајстори.
Воодушевувачкиот кус роман „Жената на маестрото“ го објавивме во 2009 година. Неговиот успех нè поттикна да го преведеме и За Родерер следната година.

Во 2013 година се појави и преводот на „Оксфордски убиства“, кој со години е меѓу најпродаваните наслови на скопскиот Саем на книгата. Годинава пред читателите се најде и „Бавната смрт“ на Лусијана Б., кој очекуваме во најмала рака да ја повтори читаноста на Оксфордски убиства. Но, освен книгата, овој пат македонските читатели ќе имаат можност да се сретнат лично со авторот, на чие гостување работевме веќе неколку години, вели Жарко Кујунџиски, главен уредник во „Антолог“.

Издавачката куќа досега има објавено четири од книгите на овој писател со исклучителен прием од страна на читателите. Повод за оваа посета е токму огромниот интерес за делата на Мартинес, но и новообјавениот мистичен трилер „Бавната смрт“ на Лусијана Б., во превод на Огнена Никуљски. Промоцијата на книгата и средбата со авторот ќе се одржат на 14 април, со почеток во 17 часот, на штандот на „Антолог“ во Метрополис арена.

Гилјермо Мартинес е автор е на десет книги, од кои половината се романи. Неговата окупираност со математиката и со логиката се одразува во објавените книги есеи Борхес и математиката (2003), Формула за бесмртност (2005), Годел за секого (2009). Автор е и на збирките раскази Големиот пекол (1989) и Одбивна среќа (2013), за која ја добил наградата „Габриел Гарсија Маркес“ во 2014 година, едно од многуте високи книжевни признанија во неговата биографија. Неговите дела се инспирирани од: Борхес, Хенри Џејмс, Кафка, Томас Ман, Гомбрович, Казанова, Дарел, Толстој. Преведен е на 40 јазици.

Ова е прво гостување на еминентниот аргентински писател во Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска