Утре, во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“со почеток во 19.00 часот, пијанистот Арда Мустафаоглу ќе се престави пред прилепската публика. На програмата ќе бидат композиции од Доменико Скарлати, Морис Равел, Роберт Шуман и Сергеј Прокофјев.
Со истиот репертоар, Арда ќе настапи и во вторник на 30. октомври со почеток во 19.00 часот во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица.
Оваа година Арда имаше бројни рецитали и настапи во Ахен, Бон, Дирен, Хамелбург, Касел (Германија), Анталија (Турција), Атина (Грција), Модане и Париз (Франција), Софија (Бугарија), и Сремска Митровица (Србија).
Настапите во Прилеп и Струмица се негови први годинешни рецитали пред македонската публика, но и прво преставување пред прилепската и струмичката публика.
Иако има само шеснаесет години, неговиот исклучителен талент е вреднуван со многу награди на интернационални натпревари во Белгија, Турција, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Албанија, Македнија, Грција, како и на интернет пијано натпревари.
Пијано рециталите во Прилеп и Струмица се проекти на Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен Бран“.