Пијанистот Дино Имери в недела ќе настапи во Државниот архив во Загреб во организација на „Кристофориум” и ќе потпише ексклузивен договор за застапништво со хрватската менаџерска куќа „Кристофориум арт” (Cristoforium.Art).
Таа е основана од директорот Данијел Гашпаровиќ кој лично ги водел преговорите со нашиот млад пијанист, кои резултираа со ексклузивно застапување на територијата на Хрватска, но и можности за интернационално застапување.
Менаџерската куќа за краток период од постоењето бележи успех застапувајќи познати хрватски и светски уметници од рангот на Андреј Коробејников, Андреј Гугнин, Александар Књазев, Аљоша Јуриниќ, Штефан Владар.
Концертот на Имери во Загреб е поддржан од Амбасадата на Македонија во Хрватска. Во периодот што следува пијанистот ќе има повторна соработка со Софискиот филхармониски оркестар, настап со оркестарот на Музичка младина на Македонија и рецитали во Македонија и странство.