Пијанистот Арда Мустафаоглу ќе учествува на натпревар во Франција

Од:

Младиот пијанист Арда Мустафаоглу идниот месец ќе биде меѓу дванаесет пијанисти учесници на 18. Меѓународен пијанистички натпревар „Piano campus“ кој од 15 до 17 февруари ќе се одржува во Понтоаз, Франција.

Тоа ќе биде првпат македонски пијанист да настапи во Регионалниот конзерваториум и на Новата национална сцена во тој француски град.

Се работи за еден од најголемите пијанистички натпревари во Франција, кој традиционално се одржува од 2002 година. Учесници се пијанисти од целиот свет на возраст од 16 до 25 години.

Шеснаесетгодишниот Мустафаоглу обезбеди учество меѓу дванаесетте пијанисти кои ќе се натпреваруваат во двете етапи.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска