Пијанистката Мимоза Ќека ќе настапи на фестивалот „Златна лира“

Од:

На Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира 2017“ вечер во Музеј на Град Скопје ќе настапи пијанистката Мимоза Ќека. Ќе изведе дела од Моцарт, Равел, Дебиси и Лист.

Мимоза Ќека во 2015 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Тодор Светиев и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија-СМУМ.

Оваа година магистрираше на одделот по музичка интерпретација – пијано под менторство на маестра Лилија Зилберштајн. Од 2015 година работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј’’.

Настапувала на домашни и меѓународни фестивали и натпревари и учествувала на семинари кај познати пијанисти, како Алексеј Володин и Александар Гиндин, а посебно се издвојува нејзиното усовршување на реномираната Academia Musicale Chigiana во Сиена, Италија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска