Пијанистката Даница Стојанова ќе настапи во Рим по повод Денот на независноста

Од:

Пијанистката Даница Стојанова вечер ќе настапи во градините „Кампители“ во Рим во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Италија. Таа ќе се претстави со дела од македонското класично музичко творештво.

Нејзиниот настап е по повод Денот на независноста 8 Септември и е во рамки на прием на кој ќе присуствуваат претставници од дипломатскиот кор акредитиран во Италија, македонски државјани кои живеат и престојуваат во таа земја, како и останати гости почитувачи на македонската култура и традиција.

-Пресреќна сум што ќе ја претставам нашата земја за оваа посебна пригода. Иако во Рим свирам повеќе пати, оваа покана за мене е од големо значење, посебно што публиката ќе може да слушне дел од македонскиот композиторски опус на Зографски, Коларовски и Андреевска, изјави пијанистката Стојанова.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска