Македонската филхармонија вечер ќе се претстави со првиот концерт од циклусот „ЛАУРЕАТИ“ во оваа концертна сезона. Под диригентската палка на Гвидо Јоханес Румштад ќе настапи победничката на еден од најпрестижните конкурси во светот „Шопен“ во Варшава, пијанистката Јулијана Авдеева.
Во Скопје, Авдеева ќе исполни две дела за пијано Симфониските варијации од францускиот композитор Цезар Франк и Kонцертот за пијано и оркестар брoj 2 од Фредерик Шопен.
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и „Зигурати“ на македонскиот композитор Вања Николовски-Ѓумар, а премиерно во Македонија и симфониската свита „Пелеас и Мелесанда“ од Габрил Форе.