Романот добитник на престижната книжевна награда во Латинска Америка „Каза де лас Америкас“, „Петте годишни времиња“ од Жоао Алмино ќе излезе на македонски јазик.
Романот е во издание на „Антолог“, а го преведе Огнена Никуљски.
Критиките велат дека се работи за исклучителен роман од автор на врвот на задачата и „тешко дека ќе се најде читател кому нема да му се допадне“.
Романот „Петте годишни времиња на љубовта“ претставува портрет на 55-годишната Ана чиј живот не е таков каков што очекувала и чии некогаш храбри соништа се претвориле со полувистини, грешки и фрустрации. За да го исполни аманетот што го дала за време на студентските денови, таа организира забава по повод новиот милениум. Како што се појавуваат старите пријатели и како што се доближува одбројувањето до новиот век, минатото на Ана претрпува неочекувани промени… Поставена во хаосот на Бразилија, место каде што и основните човекови прашања – љубовта, пријателството, сексот, работата – може да имаат чудни размери, оваа приказна е неодоливо модерна и длабоко безвременска.
Жоао Алмино е бразилски писател и дипломат. автор е на шест романи. Освен фикција, пишува и есеи од областа на историјата и на филозофијата.