Петгодишна работна стипендија за Ивица Челиковиќ за превод на шведска литература

Од:

Македонскиот писател и преведувач Ивица Челиковиќ, кој живее и работи во Гетеборг, е добитник на петгодишна работна стипендија за периодот 2016-2020 година од шведскиот Писателски фонд во износ од 13.000 евра годишно.

Стипендијата му е доделена на Челиковиќ за неговото авторско творештво, како и за посебниот придонес во преведувањето на шведската литература на македонски јазик.

Ивица Челиковиќ има преведено триесетина дела од голем број шведски писатели, меѓу кои шест дела од шведскиот класик Аугуст Стриндберг, книги од членовите на Шведската академија Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг и Катарина Фростенсон, од нобеловците Селма Лагерлеф, Ерик Аксел Картфелд, Вернер Фон Хејденстам и Хари Маринсон, како и од повеќемина автори припадници на помладата шведска творечка генерација.

Идната година од печат ќе излезат уште два превода на Челиковиќ – романот „Око Црвено“ од Јонас Хасен Кемири, годинашен добитник на престижната шведска награда за роман „Аугуст“, во издание на „Три“ и „Час нула“ од Лота Лундберг во издание на „Бата-прес Милениум“.

Челиковиќ е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на шведските писатели. Добитник е на повеќе литературни награди и признанија. Автор е на седум поетски книги и два романа, како и на неколку преводи од македонската литература на шведски јазик, меѓу кои и една антологија на современата македонска поезија. Лани од печат излезе избор од неговото поетско творештво во превод на шведски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска