Петар Андоновски добитник на наградата „Роман на годината“

Од:

Младиот автор Петар Андоновски со романот „Телото во кое треба да се живее“ во издание на „ИлиИли“ од Скопје е добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2015 година.

Катерина Богоева од „Утрински весник“ и член на жири-комисијата истакна дека романот на Андоновски е избран во конкуренција на 39 романи пристигнати на отворен конкурс од 15 декември 2015 до 15 јануари 2016 година.

– Освен наградениот роман на Андоновски, во најтесна конкуренција за наградата влегоа и прозните остварувања на Владимир Јанковски „Невидливи љубови“ во издание на „Антолог“ и на псевдонимот „Берт Стајн“ зад кого се крие Бранко Прља „Три минути и 53 секунди“ во издание на „Готем“, рече Богоева.

Лидија Капушевска Дракулевска во името на жири-комисијата изјави дека романот „Телото во кое треба да се живее“ претставува врвно книжевно остварување создадено во духот на современите прозни автори од типот на Бернхард Шлинк или Елфриде Јелинек, носејќи го во себе колоритот и посебноста на нашите балкански простори.

– Андоновски мошне храбро навлегува во психологијата на својата хероина Бригита, ги слика нејзините фрустрации поврзани со туѓата и својата телесност, со стравот за самоидентификација, но и со добиената моќ да одлучува за туѓ живот, нагласи Капушевска Дракулевска.

Добитникот на наградата Андоновски истакна дека таа претставува огромна обврска за него бидејќи е еднo од најпрестижните доделувања. Тој смета дека претставува голем успех да се добие оваа награда.

Петар Андоновски е роден во 1987 година во Куманово. Студирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Автор е на книгата поезија „Ментален простор“ (2008) и на дебитантскиот роман „Очи со боја на чевли“, кој беше во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска