Пет стихозбирки во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“

Од:

На Конкурсот на фестивалот Струшки вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена помеѓу две фестивалски изданија пристиганле 38 книги од 37 автори, а во потесен избор со одлука на жирито се влезени пет наслови.

Како што информира НУ СВП, тоа се стихозбирките: „Со слободна рака“ од Јовица Ивановски; „Напишана тишина“ од Јосип Коцев; „Внатрешни планини“ од Владимир Мартиновски; „Јас. Елегии“ од Михаил Ренџов и „Жива вода“ од Наташа Сарџоска.

Добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија ќе биде соопштен на прес-конференција на жирито, која ќе се одржи на 25 август 2017 за време на 56-тото издание на фестивалот во Струга.

– Оваа година СВП за половина го зголеми фондот на најпрестижната книжевна награда за творештво на македонски јазик, а како дел од неа е и превод на книгата на добитникот на еден странски јазик, соопшти НУ СВП, додавајќи и дека составот на жирито останува таен до донесувањето на конечната одлука.

Како и во изминатите неколку години, во посебна програмска содржина на претстојниот фестивал ќе бидат претставени поетите чии книги влегле во потесниот избор од пет книги, на ден пред официјалното соопштување на добитникот.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид