Пет македонски филмови на фестивал во Турција

Од:

Пет македонски филма ќе бидат прикажани на годинашното издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ што се одржува од денеска до сабота во Истанбул, Турција.

Во програмата „Меѓународна селекција“ составена од 13 различни селекции кои се тематски организирани, ќе се прикажат околу 200 краткометражни, документарни и играни филмови.

Краткометражниот „Епизодист“ во режија на Игор Алексов ќе биде прикажан во селекцијата „Daydreams”, „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ е селектиран во „Generation Z”, „ Митот на Сара“ на Саша Станишиќ во „Shoot films, Not people”, документарниот филм „Нашите во Станбол“ во режија на Елизабета Конеска ќе се прикаже во селекцијата насловена „Journes”, додека краткометражниот „Образ“ во режија на Стефан Сидовски ќе биде прикажан во селекцијата “Staterror”.

Фестивалот освен филмски проекции нуди и богата програма каде посетителите и учесниците ќе имаат шанса да земат учество во Мастер предавања организирани од страна на еминентни пофесионалци од областа на филмската индустрија, каде младите филмаџии ќе имаат можност да дискутираат и да ги споделат своите мислења и искуства.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ