Пет книги за деца и млади од кинескиот писател Шен Шиси во издание на „Македоника литера“

Од:

Издавачката куќа „Македоника литера“ најави објавување серија од пет книги за деца и млади од Шен Шиси, најпродаваниот кинески писател за деца и еден од најпродаваните современи писатели за деца во светот.

Оваа серија ја објавува во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, со кој веќе заедно објавија и 13 тома од серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“.

-Делата на Шен Шиси само во Кина се продадени во повеќе од 60 милиони примероци. Серијата ги содржи неговите најпознати новели, кои повеќето се наградувани и филмувани. Во своите дела тој пишува за животните, а неговите искрени, реалистични и трогателни приказни се подеднакво популарни и кај возрасните читатели, соопшти „Македоника литера“.

Шен Шиси (1952) во кинеската литература е познат како „кралот на приказните за животни“. Пишува за хуманите односи меѓу животните и луѓето и за хармоничната врска меѓу човекот и природата. Тој е повеќекратен добитник на највисоките награди за литература за деца во Кина. Негови дела се преведени на повеќе јазици.

Пред неколку месеци „Македоника литера“ објави две дела на Шиси – романот „Мајката чакал Скарфејс“ и книгата раскази „Лисицата трговец“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска