Песни на Звонко Танески во индиското списание „Инчентин версис“

Од:

Во новиот број на индиската книжевна ревија „Инчентин версис“ се објавени избрани песни преведени на англиски јазик и био-библиографија на Звонко Танески – поет, критичар, преведувач и универзитетски професор.

Македонскиот автор е претставен во списанието меѓу трите истакнати прилози, заедно со добитничката на наградата „Восхитувачки поет“, поетесата Гејл Денди и со поетот Филип Фрид, издвоен по избор на редакцијата (Editor’s Choice).

„Инчентин версис“ е водечка индиска електронска книжевна ревија која првенствено е фокусирана на современата светска поезија. Главен уредник е еден од најафирмираните помлади индиски поети, Сонет Мондал, а гостин-уредник на овој број беше поетот Марк Винченц. Уредник-консултант од Македонија е поетот и книжевен критичар Јовица Тасевски-Етернијан.

Покрај поезија, во новиот број на списанието се објавени и критички осврти и книжевни студии.

Танески дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Остварил студиски престој на Универзитетот во Перуџа, Италија. Докторирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот Коменски во Братислава, на Катедрата за словачка литература и литературна наука.

Подоцна уште докторирал и на Катедрата за превод и толкување на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра со тема од областа на словачко-македонските книжевни и културни врски.

Почесен член е на словачкиот ПЕН центар. Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство, а дел од неговото творештво е уште публикувано или претставено на различни јазици.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска