Уште едно реномирано признание за пехчевската поетеса Габриела Костадинова. Како единствена македонска поетеса на Меѓународниот конкурс „Збор во времето“ Српското уметничко друштво „Београд” и додели награда за учество, а нејзината поезија ја смести на страниците на истоимениот зборник што е огромно признание.
-Во Белград присуствував на промоција на зборникот „Збор во времето” во кој се застапени поети од Германија, Франција, Естонија, Израел, Швајцарија, Хрватска, Србија, Бих, Црна Гора и јас како претставник од Македонија. За мене како поет задоволство е да се биде дел од еден таков настан и да се преставува Македонија. А посебно сум горда што го преставував Пехчево и што за мојот град слушнаа ширум светот, истакна Костадинова.
Ова не е прва награда за Костадинова, нејзината поезија од неодамна е застапена и во зборникот „Поезија без граница” за кој претходно Костадинова учествуваше на истоимениот Меѓународен поетски конкурс.
Најголем успех за Костадова е добивањето на специјален медал за учество на Меѓународниот поетски настан „Месопотамија 2019″ кој истотака се одржа во Белград.