Педесет години од формирањето на Кино студио „Милтон Манаки“ во Битола

Од:

Кино студио „Милтон Манаки“-Битола годинава својот златен јубилеј го посветува на Интернационалниот фестивал на аматерски непрофесионален документарен филм (ИФДФ) „Камера 300“ кој по 22-ри пат ќе се одржи во Битола.

Кино студиото „Милтон Манаки“ е формирано во месец јануари 1964 година и со согласност на првиот снимател на Балканот Милтон Манаки, кој по два месеца почина, а ние останавме верни следбеници на неговото дело, посочи раководителот на студиото во Битола, Стефан Хаџи Антоновски.

– Годинава на ИФДФ пристигнаа 75 аматерски документарни филмови од 15 држави во Европа, а за прв пат на фестивалот свои документарни филмови испратија и автори од Грција, Молдавија и Германија. Бројот на македонски филмови е зголемена од лани и годинава имаме 25 документарци претежно од млади автори од Битола и Прилеп. Најголемата фестивалска награда е гран-при плакета „Милтон Манаки“, но оваа година за прв пат посебно специјално признание плакета ќе додели нашиот патрон и поддржувач, Светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА, а наградата ќе биде доделена на автор кој работел на тема посветена на глобалното разбирање во Светот, истакна Хаџи Антоновски.

Оценувањето на пристигнатите аматерски документарни филмови го вршат Стефан Сидовски и Благојче Божиновски од Македонија, а во состав на меѓународното стручно жири се и Јосип Грозданиќ од Хрватска, Демитриос Павлидес од Грција и Евилина Швидченко од Романија. Промоцијата на наградените автори ќе се реализира на 31 октомври во НУ Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ