Патувачкото кино на „МакеДокс“ утре и задутре во Домот на младите во Штип

Од:

Патувачкото кино на „МакеДокс“ утре и задутре ќе се смести во Домот на младите во Штип, каде, покрај програмата за најмладата публика, во форма на авторски вечери ќе бидат прикажани документарни филмови на Сашко Потер Мицевски.

Проекциите, како што посочуваат од „МакеДокс“ ќе почнуваат во 21 часот и ќе се одржуваат на отворен простор, а влезот е бесплатен.

Првите две локации на кои стигна магаренцето на „МакеДокс“ на своето 12-то патешествие со Патувачкото кино беа Кратово на 25 јуни и селото Шлегово на 26 јуни.

– Синеастичката возбуда, секако, дојде со проекциите на документарни филмови пред љубопитната и гостопримлива публика, која очите не ги тргна од филмското платно. Награда за екипата на „МакеДокс“ беше што дури и пред крајот на проекциите дел од публиката си носеше столчиња од околните куќи за да си дозволи филмско задоволство што никогаш претходно не го имале во својот двор, наведуваат од „МакеДокс“.

Во Кратово, проекцијата се одржа во дворот на Домот на културата. Само неколку километри понатаму, на патот од Кратово кон Пробиштип, во селото Шлегово проекцијата се одржа во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“.

– Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава го смени својот формат и се одржува во текот на четири викенди во месеците јуни, јули и септември. Првиот викенд беше одбележан со јубилеј. Имено, во селото Шлегово се случи 80-та проекција на Патувачкото кино во неговото 12-годишно патешествие низ државата, а во 2019 посети и три населени места во Албанија, се вели во соопштението.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2021 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, општините Кратово, Кочани, Штип, Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска