Уште една линија, која Патрик Модиано без сомневање можеше да ја стави во неговото „Педигре“ – насловот на една од неговите најубави книги, во која се осврнува на дваесет години од неговиот живот.
Патрик Модиано е петнаесеттиот француски писател кој е носител на Нобеловата награда за литература. „За уметноста на сеќавањето со која ги опишал непоимливите човекови судбини и го раскажал вистинскиот живот за време на окупацијата“ – стои во образложението на Шведската академија.
Како што јавува дописникот на МИА од Париз, кога издавачот Антуан Галимар му се јавил да му честита, писателот бил „многу среќен“, но одговорил „со вообичанената скромност“ дека му било „необичнио“, раскажа издавачот за француските медиуми.
Окупацијата, е контекстот во кој се сретнаа неговите родители. Мајка му е од Фландрија, радосна девојка со суво срце“, ќе напише нејзиниот син. Тако му е Албер Модиано по потекло евреин.„Пишувам евреин, незнаејќи што всушност значи тоа име за тато ми и бидејќи на времето тоа се наоѓаше на личните карти“, тако му се дружи со необично и не многу за фалење друштво и практикува шверц за време на војната под лажно име.
Патрик е нивниот прв син, роден во 1945, следен од Руди во 1947 кој умира две години подоцна. На својот брат, Патрик Модиано ќе му ја посвети својата прва книга „Плоштадот Ѕвезда“ (Галимар 1968), напишана веднаш по излегувањето од неговата младост одбележена со осаменост. Објавувањето на оваа книга, тој самиот ја смета за негово раѓање.
Книгата му дозволува веднаш да биде забележан и славен поради неговиот талент, книга која е посветена на окупацијата,
За „Исчезнатото лице” (или според оригиналниот наслов: Улица на опскурните продавници) ја добил престижната награда Гонкур во 1978. Други негови дела вклучуваат детски книги и сценарија, но главно се занимаваат со проблемот на сеќавањето и идентитетот. Едно од најголемите влијанија врз неговото пишување имал неговиот професор по геометрија во гимназија, славниот Рејмон Кено („Стилски вежби”), познат по комбинирањето на математиката со книжевноста. Во 1996 година ја добива големата награда за книжевност за неговото целокупно творештво.
На почетокот од „Тажната Вила“ (1975), Патрик Модинао ќе ги напише стиховите на Дилан Томас: “Кој си ти, ти,воајер на сенките? ” Како да сакаше да си се обрати на самиот себе, тој чија работа е полна со духови и сенки,силуети на увид и нејасни сеќавања, тој кој напишал во „Дора Брудер“(1997), посебна истрага за една малада Еврејка исчезната во Париз за време на Окупацијата: “Многу пријатели кои не ги запознав, исчезнаа во 1945година, годината на моето раѓање“. Тој исто така вели дека “Секогаш се чувствувал како растение роден во ѓубрето од Окупацијата“.
Неговите книги многу брзо го претворија Патрик Модианo во една од главните фигури во француската литература.
Во неговите книги се претставени талкањата по улиците на Париз, со атмосфери на самракот,истражувања кои всушност не се тоа, и личности кои мжат да се препознаат од една книга во друга – Патрик Модиано признава дека биографскиот материјал е интересен само ако “испари во имагинацијата”. И пред се, на сите негови љубители им се допаѓа убавината и флуидноста на неговите реченици. Исто така тој постои и како јавна личност, која веднаш предизвикува наклонетоста на јавноста со колебливи реченици полни со “Тоа е чудно” проследени со три точки која ја остава неговиот прекрасен нежен пепелав глас.. Неговата последна книга, „ За да не се изгубиш во квартот“ во која се опфатени неговите омилени теми е објавена на 2 октомври, таа беше бестселер, дури и пред објавувањето на Нобелова награда.
69-годишниот Патрик Модиано ретко се појавува во јавноста и живее прилично повлечено, па Академијата имала проблем да го најде за да му јави за наградата.