Парламентарно сослушување за заштитата на културното и природното наследство на Охрид

Од:

Во рок од 15 дена треба да биде закажан почетокот на надзорната расправа што треба да биде клучен чекор за доследно спроведување на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, како и за целосно транспонирање на Конвенцијата за заштита на нашето природно и културно наследство на УНЕСКО со домашното законодавство.

Собраниската Комисија за култура денеска едногласно донесе одлука за организирање ваква надзорна расправа, која беше предлог на пратениците од владејачките партии. Дополнително, власта и опозицијата во Парламентот треба да ги договорат сведоците во надзорната расправа. Повикани да сведочат ќе бидат раководни лица од институциите од културата, од животна средина, од транспорт и врски, од локалната самоуправа…

Статусот на Охрид, како град на листата на Светско наследство на УНЕСКО, е во опасност и градот може да биде ставен на листата на светско наследство во опасност. До 2019 година Македонија треба да направи повеќе активности за заштита на Охрид и Охридското езеро како светско културно и природно богатство.

Претседателката на Комисијата за култура Ирена Стефоска посочи на активностите што македонската Влада ги презела, како, на пример, Извештајот за она што е направено во спроведување на препораките на УНЕСКО, донесен во февруари годинава, Акцискиот план за 2018 за спроведување на препораките, а на 1 февруари е формирана Комисија за управување со светкото природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Стефоска рече дека пратениците од мнозинството го исполнуваат тоа што било изборно ветување, а тоа е во Собранието да се воспостави редовна практика на јавни сослушувања.

Пратеничката Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура, поддржувајќи го предлогот за надзорна расправа кажа дека е важно да има интегриран пристап на институциите во спроведување на законите и на тој начин да се следи заштитата на културното и природното наследство. Таа и забалежа на новата Влада дека не презела ништо од она што ветила во изминатата година во однос на културното наследство, и наброја се она што било преземено од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на културното наследство. Го спомена Плаошник и Светиклиментовиот универзитет, заштита на фреските, Заливот на коските, Лапидариумот во Охрид и друго…

Пратеничката Никица Корубин од ЛДП и одговори на Канческа Милеска дека нова градба не е заштита на културата, посочувајќи на Плаошник и Светиклиментовиот универзитет, чија катност била намалена откако имало реакции и забелешки.

Според Корубин, проблем се надлежностите што ги имаат институциите за управување и заштита на културното наследство.

– Немаме реален и функционален систем за управување на културното наследство, рече таа посочувајќи дека секако дека во изминатите десетина години има направено и добри и лоши работи, но оти институциите биле должни да постапуваат согласно законот и да укажат па дури и на министерот за култура. Оваа надзорна расправа, рече таа, ќе се однесува на тоа како актуелните диркетори ги спроведуваат законите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Македонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски