Oтворени презентации за проекти за Креативна Европа Култура за 2020

Од:

Отворени презентации за запознавање со потенцијалните можности за аплицирање на повиците кои се дел од програмата Креативна Европа ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за култура и Канцеларијата на Креативна Европа-потпрограма култура.

Како што соопшти Министерството за култура станува збор за отворени презентации „Повик за категоријата: Проекти за соработка-Креативна Европа Култура“ за 2020 година“ од страна на Билјана Прентоска, од Канцеларијата на Креативна Европа – Култура, Министерство за култура.

Презентација на проектот „Act-Art Clime Transition“ од страна на корисниците на проектот, невладината организација „Локомотива“ – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (пример од добра пракса) ќе одржи Билјана Тануровска Ќулавковски од „Локомотива“.

Настанот, како што соопшти Министерството, е отворен за претставниците на аудиовизуелниот сектор, културните и креативните сектори, приватните компании и фондации, општини, универзитети, студенти, здруженија на граѓани и медиуми.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ