Отворени 50-тите „Рацинови средби“

Од:

Педесеттата меѓународна манифестација „Рацинови средби“ синоќа во салата „Бели мугри“ во Велес свечено ја отвори велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

– Кога се Рациновите средби, времето не се мери со часови, денови, се мери со стихови и со зборови, со бројот на вртежите на грнчарското колце.Тогаш просторот нема меѓа, неговата граница е космополитниот свет на поетот со обединувачка моќ, рече Чадиев.

Во Беседата за Рацин, претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Раде Силјан, меѓу другото, рече дека стихозбирката „Бели мугри“ е тестаментална книга која го најави будењето на слободната мисла на македонскиот народ.

– Книга која ги постави темелите на модерната македонска литература. Со силните лирски пораки оваа книга ја пробуди свеста за големите можности на македонската литература, а со идеите и со еманципацијата на македонската поетска реч поетот го бранеше и го одбрани достоинството на животот и на уметноста, рече Силјан.

Свеченоста беше заокружена со меѓународен поетски митинг на кој настапија десетина поети од Македонија и по еден од Романија, Бугарија и Србија. Потоа, во спомен-куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, беше промовирано цеде со најубавата љубовна поезија на Рацин. Улицата „Кочо Рацин“ каде се наоѓа спомен-куќа беше прогласена за Сокак на поезијата.

Рациновите средби продолжуваат денеска со Грнчарската работилница во куќата на Рацин, а во Ликовниот салон ќе се одржи средба со добитниците на Рациновото признание „Лауреатите за Рацин“.

Вечер на отворената сцена „Мугра“ ќе им бидат врачени наградите на годинашните лауреати – Рациново признание за Илхами Емин и  Почесното Рациново признание за Романецот Јон Дејаконеску. Вечерта ќе заврши со концерт на групата „Леб и сол“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска