Отворена Постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“

Од:

На Меѓународниот ден на музеите денеска беше отворена Постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски отварајќи ја изложбата истакна дека оваа поставка нуди многу оригинални приказни од сите историски периоди на овој крај и е уште една потврда за правилните политики на Министерството за култура, во кој заштитата на културното наследство е врвен приоритет.

– Свесни сме дека во изминатиот период оваа сфера во македонската култура беше маргинилизирана, постоечките музеи беа оставени да работат во несоодветни услови, а културното наследство беше злоупотребувано во политички и лукративни цели. Затоа стратегија на Владата и на Министерството за култура е да го ангажира сите креативни потенцијали, кои ќе извршат коренити промени, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Тој додаде дека културното наследство во Македонија има потреба од промена на базичните ставови и пристапи, воведување на соодветно образование, измена на законската регулатива, подобрување на практичните процеси и методи на работа и јакнење на политичката волја за темелни промени во системот на конзервација.

Според Елеонора Петрова, директор на Управата за заштита на културното наследство, за секој вработен во музеолошката дејност нема поголема радост од настанот кога се отвора постојана музејска поставка.

– Овој настан без преседан кој ќе го запомнат сите вработени, поради фактот што целокупната енергија, целокупното знаење, целокупните можности да се презентира нешто значајно пред пошироката јавност го нудите преку оваа поставка, истакна директорката на Управата за заштита а културното наследство, Елеонора Петрова.

Директорката на НУ „Завод и Музеј Струмица“, Василка Георгиева рече дека на увид на јавноста се ставени ексклузивни предмети од локалитетите, објектите и настаните со кои располага оваа установа.

– Се надевам дека ќе ја препознаете возбудата со која истражувачот за прв пат го допрел предметот. Љубовта и преданоста со која се приоѓа кон секој експонат. И кај публиката да ја разбудиме гордоста за тоа кој сме, што имаме и кон што се стремиме и во таква целовитост да се вброиме во глобалното цивилизациско семејство, рече директорката Георгиева во обраќањето, а свеченото отворање на Постојаната музејска поставка „Струмица и Струмичко низ историјата“.

Во вкупно 42 витрини на постојан показ на јавноста се поставени експонати од праисторијата па се до создавањето на македонската држава во Втората светска војна и етнолошка поставка на земјоделие, сточарство, покуќнина, казанџиство и кујумџиство.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија