Отворен македонскиот павиљон на Венециското биенале

Од:

Под покровителство на Министерството за култура, во Артиљерии на Арсенале отворен е Павиљонот на Република Македонија на 14. Интернационална изложба на архитектурата – Биенале во Венеција.

Годинава, во организација на Младинскиот културен центар, Македонија на овој врвен светски архитектонски настан на кој учествуваат 66 земји од светот, се претставува со изложбата „Наоди“. Куратор  е Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој на проектот работеше заедно со Ана Ивановска-Дескова, Горан Мицковски, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Владимир Десков и Александар Радевски.

Македонскиот павиљон е сместен во престижниот историски комплекс Арсенале, во комплекс од неколку поврзани објекти во старата оружарница која нуди извонредни услови за изложување, како во локациска, така и во просторна смисла. Претходно, во 2011 година, најголемиот дел од овие објекти биле подложени на обемен реставрациски потфат и денес се во автентична состојба, и технички осовременети.

Во комплексот на старата оружарница, покрај македонскиот, сместени се и павилјоните на Аргентина, Албанија, Костарика, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Перу, Јужна Африка и Турција.

Интернационалната архитектонска изложба Венециско биенале е врвен светски архитектонски настан на кој Македонија континуирано се претставува од 2004 година. Претставувањето на македонската современа архитектура на реномираното и престижно Биенале во Венеција има големо значење за афирмација на македонската култура во светот и создавање на позитивна претстава за нашата земја на кое архитектите автентично ќе ја претстават и промовираат македонската модерна архитектура. Интернационалната ревија на архитектура ќе биде отворена до 23 ноември 2014.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ