Новиот, репрезентативен објект на Археолошкиот музеј на Македонија, кој вечер свечено е отворен претставува музеј на 21.век. Преку повеќе од 6.000 експонатите и со употреба на најсовремена музејска технологија, специфично светло и амбиентална музика тој ќе ја презентира автентичната повеќевековна историја и култура на територијата на Република Македонија.
Премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред претседатѕелот на дравата Ѓорге Иванов, министри, пратеници, акдемската заедница и други гости истакна дека археологијата, која претставува значајна дејност која во многу други држави активно е развивала и унапредувала во Македонија долго време била запоставена, а националниот Археолошкиот музеј бил само еден од одделите на Музејот на Македонија, додека голем број локалитети биле запоставени проследно со целосна стагнација на науката и арехеолошките истражувања.
Ваквите процеси, додаде, беа видно изменети во 2006 година како резултат на сериозните вложувања на Владата во капитални истражувања и ангажман на голем број македонски археолози и научници низ многу археолошки локалитети во државата,што придонесе за откривање на стотици илјади вредни експонати од огромно значење за земјата.
– Сите овие артефакти преставуваат дел од нашето културно наследтво, кое е израз на специфичните традиции, знаење и вредности од минатите генерации на овој перостор. Тоа ни овозможува подобро разбирање на историјата и претставува колективна меморија на општеството од која ќе можат да црпат знаење новите генерации. Нашата денешна генерација ја имаше таа чест ова наследство соодветно да го конзервира и презентира на целиот свет, затоа што ваквото минатото му припаѓа на целиот свет, рече премиерот Груевски.
Тој подвлече дека Археолошкиот музеј, кој е еден од највпечатливите, најсодржајните и најубавите музеи во современа Република Македонија, ќе претставува и нова значајна понуда во делот на туризмот на земјата. Неговата содржинска поставенот и вредност, мноштвото артефакти и низа предмети кои јавноста ќе може ексклузивно да ги види, како што се статуата на Венера Будика од 2. век, ритуалната кочија стара 18 века, единствената копија на Александровиот саркофаг, свештеничката од Лисичин Дол, но и неговата локација, додаде, ќе претставува поттик тој да биде посетен од мноштво домашни и странски годсти.
– Сите овие предмети имаат непроценлива вредност за нашата земја, даваат белег за нашата култура, неуморно го конзервираат нашето минато и на најубав можен начин ја афирмираат нашата држава. Ваквото културно наследство претставува една од основите на одржливиот развој и може да биде корисен онструмен за поттикнување на меѓукултурниот дијал и поттикнување на општествената кохезија, како и обликување на нашиот идентитет како народ и држава, рече претседателот на Владата.
Тој најави дека инвестициите во културата ќе продолжат, а следен во низата владини проекти во областа го посочи отворањето следната недлеа на Музеј на Македонците бегалци од Граѓанската војна во Грција, како и нов дел на Етнолошкиот музеј во рамки на комплексот „македонско село“.
Музејот е сместен во трикатна зграда на површина од 6.000 квадратни метри и во него ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, почнувајќи од праисторијата па до средниот век.
Првпат и ексклузивно пред јавноста ќе биде претставен значаен дел од артефактите, меѓу кои: рановизантиските оригинални мозаици од локалитетот Суводол, копијата од саркофагот на Александар Македонски, штитот од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, реконструкцијата на римската кочија од втор век од Делчево, како и стаклената чаша дијатрета од 4 век.
Музејот има повеќе оддели – за праисториска археологија, античка и средновековна археологија, кабинет за нумизматика, лапидариум, антрополошка поставка… Покрај богатата археолошка поставка, Музејот е опремен и со стаклени витрини, 15 восочни фигури, 83 уметнички слики, видеоанимации, амбиентални ситуации, мозаици од вредното културно наследство, а има и реконструкција на објекти од неолитот, современо музеолошки конципирана.
По повеќе од 30 години, Република Македонија во новиот Археолошки музеј доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на милениумскиот цивилизациски континуитет на нашите простори.