Отворање на Кафе – кино со комедијата „Смртта на Сталин“

Од:

Со проекцијата на филмот „Смртта на Сталин“ вечер во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности – „Сули ан“ ќе биде отворено овогодинашното Кафе – кино во рамки на „Скопско лето 2018“.

Филмот – историска комедија е во режија на Армандо Ианучи, снимен 2017 година, како британско-француско-белгиско-канадска копродукција. Има добиено две номинации за БАФТА, а се закитил и со повеќе награди на меѓународни фестивали. Има добиено четири награди од вкупно 13 номинации за британските награди за независен филм, награда „Емпаер“ за најдобра комедија, награда за режија на Фестивалот на комедијата во Монте Карло, награда на филмската критика ФИПРЕСЦИ во Торино,…

Улогите ги толкуваат Стив Бушеми, Сајмон Расел Бил, Олга Кириленко, Џејсон Ајсекс,…

Филмот ги следи последните денови на советскиот диктатор и го отсликува хаосот на режимот по неговата смрт…

Би можело да ве интересира

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис